strumica denes logo

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА НАЈАВУВА ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ЗА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ НА ТРОТОАРИ!

Автор:

Датум:

јуни 5, 2025

Автор:

Датум:

јуни 5, 2025

Секторот за внатрешни работи Струмица ги информира сите учесници во сообраќајот дека во наредниот период ќе продолжи со интензивирани контроли и санкционирање на прекршителите на сообраќајните правила и прописи.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Фокусот на полициските активности ќе биде ставен на возачите кои ги паркираат своите возила непрописно, особено на тротоарите низ градот Струмица, со што сериозно се загрозува безбедноста и непреченото движење на пешачите – посебно на постарите лица и децата.

Од СВР Струмица апелираат до возачите да ги паркираат своите возила исклучиво на обележани паркинг места и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Непочитувањето на сообраќајните правила ќе резултира со преземање на соодветни законски мерки и санкции согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Целта на овие активности е да се обезбеди побезбедно и поуредено сообраќајно функционирање во урбаните делови на Струмица.