Утре (петок) во Струмица ќе се одржи несекојдневен забавен настан – „Анимација Шоу“ со познатиот аниматор Ѓурчиновски. Шоуто ќе започне од 19:30 часот, а локацијата е на просторот каде што во моментот се наоѓа луна паркот „Силвер“, веднаш до стадионот „Благој Истатов“.
Овој настан ветува вечер исполнета со смеа, забава и позитивна енергија, наменета за сите возрасти. Организаторите ги покануваат сите љубители на добрата атмосфера и анимација да бидат дел од овој незаборавен настан.
Не го пропуштајте шоуто кое ќе ја раздвижи Струмица!