strumica denes logo

Музејската поставка „Струмица и струмичко низ историјата“ повторно достапна за посетителите!

Автор:

Датум:

јуни 4, 2025

Автор:

Датум:

јуни 4, 2025

НУ Завод и музеј – Струмица ги информира граѓаните и посетителите дека постојаната музејска поставка со наслов „Струмица и струмичко низ историјата“ ќе биде отворена за јавноста во текот на летниот период, почнувајќи од 10 јуни 2025 година.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Поставката, збогатена со вредни музејски збирки и предмети што сведочат за богатото историско и културно минато на струмичкиот регион, ќе биде достапна за посета од вторник до сабота, во периодот од 08:00 до 19:00 часот.

Од установата ги покануваат сите љубители на историјата, културата и традицијата да ја посетат оваа уникатна поставка и одблизу да го доживеат развојот на Струмица низ вековите.

„Ве очекуваме со задоволство да го споделиме со вас нашето наследство“, порачуваат од НУ Завод и музеј – Струмица.