strumica denes logo

УАПСЕНИ ШЕСТМИНА ВО БАНСКО: Полицијата откри марихуана во дом и во „БМВ“ со струмички таблички!

Автор:

Датум:

мај 19, 2025

Автор:

Датум:

мај 19, 2025

Шест лица од селото Банско, струмичко, се приведени во две одделни полициски акции спроведени од страна на полициските службеници од СВР Струмица, при што е запленета поголема количина марихуана.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во првиот случај, на 17 мај 2025 година, во село Банско, полициските службеници го лишиле од слобода Г.Д. (36), откако при претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и предмети со остатоци од опојната дрога. По дополнителни мерки и службен разговор со Г.Д., било утврдено дека дрогата ја поседувал заедно со Д.К. (20), исто така од село Банско, кој потоа бил приведен. И двајцата се задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против нив.

Во вториот случај, ден претходно – на 16 мај 2025 година, околу 21:30 часот, повторно во село Банско, полициските службеници ги лишиле од слобода С.Ш. (22), Ш.М. (23) и А.Ш. (27), сите од истото село. При извршен преглед кај лицата и во возилото „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај С.Ш. биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана. Тројцата се приведени во Полициската станица Струмица, а за случајот бил запознаен и јавен обвинител. По комплетно расчистување и документирање на случајот, ќе следува и соодветна пријава.

СВР Струмица најавува засилени контроли и понатамошни активности во насока на сузбивање на трговијата со дрога во регионот.