Со доаѓањето на месец мај започна и онаа театарска магија на која најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца. По тој повод, специјално само за најмладата публика во Струмица на 11.05.2025 (недела) во 12 часот во НУЦК Антон Панов ПРЕМИЕРНО ќе биде одиграна театарската претставата за деца “Мачорот во чизми и волшебниот магионичар”, претстава во која главниот лик е познатиот лик од бајките Мачорот Марко. Во претставата Мачорот Марко сака да му се исполнат неговите желби, а благодарение на неговата итрина, сите желби му се исполнуваат, и тоа за многу брзо. Исто така во претставата која претставува вистинска театарска атракција, учествува и вистински професионален магионичар, кој ја надополнува оваа театарска претстава за деца.
Како и во сите градови, така и во Струмица, оваа театарска претстава за деца ќе создаде волшебни, детски спомени во секое детско срце, а воедно ќе ги потсети родителите на дечињата на времето кога и тие беа деца, и уживаа во магијата на театарот преку Мачорот во чизми. Ова е претстава, која според публиката е вистински детски, магичен-театарски спектакл за најмладите.
Станува збор за претстава која ги полни салите низ цела Македонија.
Билети 24/7 може да си резервирате на телефон 070/ 272-593 или лично да си купите од билетарата во НУЦК Антон Панов, секој работен ден од 08 до 15 часот.
Цена на билет во претпродажба за само 200 денари.