Порталот Струмица Денес покренува нова анкета во која ќе го испитаат ставот на граѓаните во однос на зелениот простор во Струмица. Со текот на годините, урбанизацијата на градот напредува, но многумина се загрижени дека недостасуваат зелени површини за рекреација, одмор и здрава животна средина. Дали сте задоволни од количината на паркови, градини и јавни зелени површини или сметате дека има простор за значителни подобрувања?
Вашето мислење е важно! Учествувајте во анкетата и споделете ги вашите ставови, дали е време за повеќе зелени површини или Струмица има доволно зелена површина?