По повод најголемиот христијански празник Велигден, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, упати честитка до сите граѓани, посакувајќи им здравје, среќа и благослов во домовите.
„Нека воскресението Христово донесе светлина, мир и радост, а неговата љубов го благослови вашиот дом и вашите најмили. Христос Воскресе! Навистина Воскресе! Честит Велигден!“, порача Андонов.