strumica denes logo

Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци во Македонија!

Автор:

Датум:

април 22, 2025

Автор:

Датум:

април 22, 2025

„Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите земјоделци. За таа цел објавен е јавен повик за Мерката 112 со кој обезбедуваме помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Вредноста на грантот изнесува 600.000 денари или 10.000 евра, односно 100% од направените трошоци“, извести Владата.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Условите кои треба да се исполнат се:

– лицето кое аплицира да биде на возраст од 18 до 40 години,
– истиот за првпат да започнува со земјоделска активност,
– да преземе постоечко или воспостави ново земјоделско стопанство,
– и да е запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 9 мај годинава.

Преку мерки и проекти нашата заложба како Влада е да инвестираме во развој на македонското земјоделство, истото да го направиме поконкурентно на пазарот и да отвориме нови работни места за да го зголемиме доходот на земјоделците.

Владата го враќа изгубеното достоинство на земјоделците. Нивниот труд почнува соодветно да се вреднува.

Нашиот фокус е инвестициите во земјоделството да бидат исплатливи и затоа продолжуваме со интензивна поддршка на земјоделскиот сектор.

Младите имаат одлична можност да започнат свој бизнис и да ги искористат можностите кои ги создаваме“, се наведува во соопштението на Владата.