Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во својот кабинет го пречека младиот кик боксер Пепи Велков, член на кик бокс клубот „К1 Арена“, кој неодамна освои златен медал на Европскиот куп во кикбокс што се одржа во Босна и Херцеговина.
„Како градоначалник, но и како жител на Василево, посебно сум горд на успехот на Пепи. Неговата посветеност и резултатите што ги постигнува се доказ дека кога се има цел и се работи напорно – успехот е неизбежен“, истакна Андонов по средбата.
Градоначалникот нагласи дека поддршката за спортот и младите спортисти ќе продолжи и во иднина, бидејќи, како што рече, „тие се нашите најдобри промотори“.
Општина Василево продолжува активно да ги поддржува младите таленти и спортските клубови, вложувајќи во иднината и во позитивниот имиџ на општината.