strumica denes logo

ВЛАДАТА ЌЕ ЈА ФИНАНСИРА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – ЕПИСКОПОТ Г.ЈАКОВ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА СЛУХОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ!

Автор:

Датум:

март 12, 2025

Автор:

Датум:

март 12, 2025

Со 15 милиони денари министерството за култура ќе ја финансира реконструкцијата на црквата „Свети Кирил и Методиј” во Струмица
Реставрацијата на црквата „Свети Кирил и Методиј” и санација на кровот на манастирот „Свети Леонтиј” во Водоча се два од четирите капитални проекти кои министерот за култура Зоран Љутков ги најави во Струмица.

За реализација на основниот конзерваторски проект за црквата „Св. Кирил и Методиј” во Струмица обезбеден е буџет од 15.000.000 денари.

За санација на кровот на манастирот „Св. Леонтиј” во с. Водоча министерството ќе учествува со финансиска поддршка од 1.200.000 денари.
При посетата во Струмица, министерот Љутков се сретна со викарниот Епископ Стобиски г. Јаков со кој ги посетија овие два значајни верски и културни обележја на нашиот регион.

Епископот г. Јаков се заблагодари на слухот на ресорното министерство што ја одобри реализацијата на проектите, нагласувајќи дека министрите во претходните мандати не обезбедувале средства за конзервација на овие објекти кои се заштитено културно наследство, додека истовремено финансирале настани кои ја пропагираат квир културата.