strumica denes logo

СКАНДАЛ ВО НОВО СЕЛО: Директорка на основно училиште незаконски присвоила над 300.000 денари!

Автор:

Датум:

март 3, 2025

Автор:

Датум:

март 3, 2025

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Р.(54) од Ново Село, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2023 и 2024, пријавената во својство на директор на основно училиште во Ново Село, самата се назначувала за ментор на приправници за образовни асистенти, за што добивала парични средства во износ од 10% од нејзината бруто плата, со што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 147.456 денари во 2023 година и 155.904 денари во 2024 година.