strumica denes logo

За 7 години 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку во Македонија!

Автор:

Датум:

февруари 27, 2025

Автор:

Датум:

февруари 27, 2025

Овие загрижувачки бројки ги соопшти вчера министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Во насока за подобрување на квалитетот на образованието и спречување на емиграција на студентите,

Министерката Јаневска кажа дека во процес на подготовка е новиот закон за високо образование, кој на студентите ќе им овозможи подобри услови и повеќе бенефиции со цел спречување на нивно напуштање на земјата.

Мнистерството моментално спроведува и истражување на дипломираните студенти во академската 2022/23 кое би покажало за колку време се вработуваат по дипломирањето, дали се задоволни од примањата и колку стекнатите знаења и вештини се применливи на работното место.

„Една севкупна анализа која ќе ни овозможи понатаму да пристапиме до одредени реформи во образованието, прво покачување на квалитетот во високото образование и модернизирање на студиски програми“, рече министерката.