Почитувани струмичани
Денес од страна на советниците од ВМРО-ДПМНЕ како ексклузивна вест беше
објавено дека ЈП Струмица Гас набавиле ново возило Дачиа Дастер, а претпријатието
се наоѓа во тешка финансиска состојба.
Ве известуваме дека оваа “ексклузивна“ објава од страна на советниците на
ВМРО-ДПМНЕ е невистинита (лажна), ЈП Струмица Гас има едно службено возило
старо 23 години, поточно истото е произведено 2002 година.
Дали навистина јавното претпријатие е во тешка финансиска состојба и дали
некој намерно сака да го доведе во тешка финансиска состојба треба да одговорат
токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ и министерката за финансии која е од партијата
ВМРО-ДПМНЕ.
Имено Во месец Октомври 2024, согласно законските обврски, а после добиена
согласност од Совет на Општина Струмица, до ЈП Струмица Гас до Министерството
за Финансии испрати барање за согласност за задолжување за рамковен кредит за
обртни средства со цел да обезбедиме добра цена и редовна и сигурна набавка на
гас за нашите потрошувачи.
До денес оваа согласност не е потпишана Министерката, причините зошто е
така не ни се познати немаме добиено ниту известување, последното известување
беше na 6ти Декември 2024 дека нашето барање е примено и Ќе биде одговорено и
постапено по вашето Барање согласно законските рокови.
Денес 13.02.2025 после повеќе од шеесет дена, период кој повеќе од сигурно
неможе да биде законски рок, сеуште немаме добиено никаков одговор, и покрај тоа
што решението е изготвено и е позитивно.
За истата ситуација беа изавестени и запознаени и овие советници, кои денес
пласираат непотврдени и невистинити информации во јавноста. На 25.12.2024 год. на
седница на Совет на Општина Струмица беше објаснета целата ситуација околу
задолжувањето и проблемот кој ќе го има јавното претпријатие со непотпишувањето
на оваа согласност. На истата седница со претседателот на советот земавме став
преку прес конференција да ја извстиме струмичката јавност за овој проблем од
страна на министерството на што советниците од ВМРО-ДПМНЕ предложија да нема
прес конференција за јавноста и ветија дека тие ќе се заложат да се реши овој
проблем со Министерството.
На следната седница на Совет на Општина Струмица која се одржа на
28.01.2025 год., бидејќи сеуште немавме одговор од Министерството за финасии, ги
прашаваме истите овие советници од ВМРО-ДПМНЕ со нивната заложба да се реши
оваа ситуација ама за жал не добивме одговор.
Затоа сега јавно ве прашуваме вас советниците од ВМРО-ДПМНЕ во советот
на општина Струмица
Дали се обративте до Министерството за Финансии за проблемот со барањето за
задолжување на ЈП Струмица Гас?
Ако се имате обратено, кој е одговорот што се уште немаме добиено согласност?
А ако се немате обратено, зошто се немате обратено?
Ова се прашања кои треба да ги одговорите пред граѓаните на Струмица.
Наместо да се занимавате со непроверени и невистинити работи и вршење на
притисоци за да неможеме да функционираме нормално и во интерес на граѓаните
зафатете се со решавање на сериозни проблеми како што е проблемот со
Министерството за Финансии. Дојдете прашајте дали и какви други проблеми имаме
од централната власт и помогнете да се решат, па на тој начин ќарете ги вашите
политички поени. Понудете позитивни идеи и размислувања за претпријатието да се
развива побрзо и поефикасно, ќе ги разгледаме заедно па ако се добри и ќе бидат
прифатени и применети. На таков начин треба да се добиват политички поени.
Ова почитувани граѓани на Струмица се проблеми кои некој намерно ги
наметнува и сака да го проблематизира и отежни работењето на ЈП Струмица Гас, а
со крајна цел да ќари политички поени за да дојде на власт во Општина Струмица,
притоа неводејќи сметка дека во Струмица ќе се загрози загревањето на повеќе од
дваесет јавни институции, меѓу кои сите основни и средни училишта, детските
градинки, општата болница во Струмица и други јавни институции. Неводејќи сметка
дека ќе го отежни работењето на повеќе од триесет приватни компании во Струмица,
кои ги имаат бенефитите од тоа што го користат природниот гас, компании кои
вработуват неколку стотици наши сограѓани, а дел од нив своите производи ги
пласираат надвор од нашата држава, во европските земји. Не водејќи сметка дека ќе
им направи проблем и на оној скромен број домаќинства кои го користат гасот за
готвење, за санитарна топла вода и за загревање на своите домови. Со та негрижа ќе
не загрозат и сите граѓани во Струмица бидејќи гасот во огромна мерка доведува до
намалено загадување, не испушта штетни PM честички, нема сулфурни оксиди, а
емисијата на јаглероден диоксид е неколку пати помала.
Во очекување на одговори,
Со почит,
ЈП Струмица Гас, Струмица