strumica denes logo

АЏАНАК – БАЏАНАК: Во Струмица, премиера на најновата комедија на „Солза и смеа” на 19 февруари!

Автор:

Датум:

февруари 5, 2025

Автор:

Датум:

февруари 5, 2025

“Солза и смеа” доаѓаат во Струмица со најновото комично шоу кое носи наслов “Аџанак -Баџанак”, шоу кое ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во овој град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – и тоа во зголемен, проширен состав со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место! Во Струмица доаѓаат на 19.02.2025 година (СРЕДА) , а комичното шоу е закажано за во 20h во НУЦК “Антон Панов”, сала која исто како и минатите години, ќе биде претесна за да ги собере сите струмичани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети може да си резервирате ВЕДНАШ 24/7 на 070/ 272-593, или пак да си набавите директно од Билетарата од НУЦК Антон Пaнов секој работен ден од 08 до 15 часот.

Цена на билет во претпродажба: 250 денари.