strumica denes logo

ГЛИГОР ПОЦКОВ Е НОВ РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ-СТРУМИЦА СО ГЕВГЕЛИЈА, РАДОВИШ И ВАЛАНДОВО!

Автор:

Датум:

декември 17, 2024

Автор:

Датум:

декември 17, 2024

Директорот на Државниот Пазарен Инспекторат го именува Глигор Поцков за Раководител на оваа служба во Струмица.

На својот профил Поцков објави:

Почитувани пријатели драги сограѓани.

Голема благодарност за соработката на сите колеги и соработници во ЈЗУ Општа Болница Струмица за досегашната искрена и добра заедничка работа.

Ми претставува чест и должност работните денови да ги продолжам како дел од тимот на Државниот Пазарен Инспекторат.

Со одлука на Директорот на ДПИ именуван сум за Раководител на Одделението за Државен Пазарен Инспектор во Струмица со опфат на градовите Радовиш, Гевгелија, Валандово.

Ни претстојат многу работни денови и многу сложени задачи во запазување на законите и стандардот на граѓаните.