Голема акција на Министерството за внатрешни работи поврзана со работењето во РЕК Битола.
Утрово има големи претреси во Битола, Велес, Кичево и Скопје. Уапсени се голем број физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во тек е акција, но повеќе детали најавуваат за подоцна.
Акцијата денеска ја раководи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.