Фејсбук објава на РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ: https://www.facebook.com/roditelskifront/posts/pfbid0U5NMUQWcNMA6xczkaAfKwzfoCK8n8W9KUfg5547ZDWDedbH4hMdSgEedtFf5r332l
КОИ СЕ ЛУЃЕТО ШТО ВО ИМЕ НА ЦЕЛА ДРЖАВА ОДЛУЧИЈА ПРЕСТИЖНА ДРЖАВНА НАГРАДА ДА ДОДЕЛАТ НА МАЖ ШТО СЕ ИДЕНТИФИКУВА КАКО ЖЕНА?!
Одиме по ред:
💯Александра Цветановска, сегашен претседател на Млади правници, здружение кое секоја година има буџети од 1 до 2 милиони евра директно или индиректно од мрежата на Отворено Општество (Сорос). Родовата идеологија им е на највисоко ниво и нивни официјални претставници работеа во работните групи за законите што не поминаа, а потоа јавно плукаа на телевизии за промените на законите за образование. Моментално е назначена за специјален советник во кабинетот на Министерот за правосудство Филков.
💯Александра Бубевска, координатор за комуникации во Хелсиншски Комитет. Здружение кое секоја година има буџети од 1 милион евра директно или индиректно од мрежата на Отворено Општество (Сорос). Предводници се на лобирања за родовата идеологија и се еден од најзначајните расадници на идеологиите на Сорос, па се тесно поврзани со многу други организации преку исти луѓе што делуваат на различни места. Тесни врски имаат и со СДСМ.
💯Филип Стојановски, експерт за ИТ и е-бизнис, моментално е директор за партнерство и развој во фондација “Метаморфозис”. Оваа фондација моментално е најголем јазол во мрежата на Сорос во Македонија од аспект на распространетост и располагање со ресурси од странски извори. Нивните буџети се редовно најголеми низ годините, а само за 2023 имаа 4,1 милион евра приходи од донации. Тука практично се поврзуваат медиумите во Македонија и водат дигитална цензура преку фактчекерски служби во Македонија. Ова е најзначаен ресурс на платените активисти кои во Метаморфозис секогаш ќе најдат партнер за поддршка на идеологиите на Сорос.
🟢Лулзим Хазири, професор, поет, активист, извршен директор на Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар. Здружението е финансирано од повеќе странски фондации. Самата организација не е во релација со Сорос, но има допирни точки со луѓе и проекти поврзани со Сорос.
💯Ана Аврамовска, писателка и член на Национална мрежа за заштита на жени од насилство и семејно насилство ,,Глас против насилството” составена од група здруженија како ХЕРА, Млади Правници, Хелсиншки Комитет и други организации кои исто така се во голема мера поврзани и финансирани од мрежата на Отворено Општество (Сорос). Пред неколку години од мрежата ја избркаа најактивната членка со најголем број заштитени жени во шелтер центар во Македонија поради индивидуални ставови на членови на таа организација. Прекрасен пример за cancel култура и тотално лицемерие на дело за жените жртви на насилство.
💯Ашмед Елезовски, претседател на НВО Национален Ромски Центар и традиционално финансиран од средства од мрежата на Отворено Општество (Сорос).
💯Ангел Димитриевски, активист и извршен директор на Здружение за едукативен развој Еквалис. Здружение чија мисија е промоција и заштита на ЛГБТИ+ права и промена на општеството преку едукација и критички пристап. Финансирано е од различни странски фондови, а во последно време влегуваат и помали средства од мрежата на Отворено Општество (Сорос).
💯Тамара Чаусидис, поранешен претседател на Совет на честа на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и поранешен прв претседател на првиот Самостоен синдикат на новинари на Македонија. Прирачникот во издание на Маргини со наслов „Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници: Водич за медиуми“, изработен од Жарко Трајановски, Тамара Чаусидис и Роберто Беличанец, чии препораки се обид за придонес за покоректно и попрофесионално новинарство во делот за ЛГБТИ+ дискриминација и новинарски пристап и саморегулација. Моментално работи на различни проекти поврзани со фактчекирање и медиуми финансирани од средства од мрежата на Отворено Општество (Сорос).
💯Петар Барлаковски, сегашен и прв младински претставник на Македонија во ООН и поранешен извршен директор на НВО Младински Образовен Форум (МОФ). Здружение што има статус на стратешки партнер на мрежата на Отворено Општество (Сорос). Здружението поседува медиуми во кои ги промовираат сите аспекти на левата идеологија на Сорос и ги покриваат сите останати организации. Годишните буџети им се повеќе десетици милиони денари и се составен дел од повеќе мрежи.
💯Наташа Бошкова, адвокат на Маргини и Хопс, Национален експерт за родова еднаквост ангажиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади во претходниот состав, што го пишуваше и промовираше Предлог Законот за родова еднаквост. Маргини е најголемата родова организација што делува во многу мрежи иако и самата е мрежа составена од ХЕРА, ХОПС, СТАР-СТАР и други. Од Маргини доаѓа и Драгана Дрндаревска што долги години беше во управен одбор на ХЕРА, а моментално е “независен” член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Од Маргини се предводници во агресивно лобирање за родовата идеологија и се еден од најзначајните расадници на екстремните идеологии на Сорос, па тесно се поврзани со многу други организации преку исти луѓе што делуваат на различни места.
🟢Маргарита Гулевска, извршен директор на НВО ,,Отворете ги прозорците”, здружение што е посветено на промоција на инклузивност во образованието и социјалната заштита преку асистенти и технологија. Здружението е финансирано од УНИЦЕФ и фондација Песталоци. Засега нема поврзаност со идеологии на Сорос.
💯Вера Коцо, поранешен врховен судија во пензија и активен член на Здружението ,,Институт за човекови права” Скопје. Тоа е постаро здружение во Македонија што е насочено во правната сфера и со доста звучни имиња. Финансирано е од повеќе странски извори и амбасади, па и од мрежата на Отворено Општество (Сорос). Ставовите на Вера Коцо се во склад со ставовите на оние што ги финансираат, а се во сферата на дискриминацијата и (селективно) правото на слобода на говор.
💯Румена Ѓердовски-Којчески, сегашен претседател на Здружението ХЕРА. Најстарата и највлијателната организација што се експонира директно или преку други организации за измени на македонското општество во делот на репродукција и контрола, но и индоктринација на младите и децата преку Сеопфатно Сексуално Образование со средства од Планирано родителство и мрежата на Отворено општество (Сорос).