strumica denes logo

ДОАЃА СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Ќе донесе врнежи од дожд, снег, нова снежна покривка и северен ветер!

Автор:

Датум:

ноември 17, 2024

Автор:

Датум:

ноември 17, 2024

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, која е во склоп со висински циклонски систем кој се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, од претстојната ноќ, па се до петок во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините, како и на некои повисоки населени места врнежите повремено ќе бидат од снег, па така ќе дојде до формирање на нова снежна покривка, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер, кој особено во петок повремено ќе биде засилен на интензитет, и најизразен Долж Повардарието. И во Скопскиот регион следува слично време, ќе има повремени врнежи од дожд во следниот период, додека на околните планини повремено ќе врне снег, а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, особено во петок.

За време на овој бран на врнежи, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен). На палнинските места особено во зпадните предели ќе се формира снежна покривка со висина до 10 cм, а на највисоките планински врвови можно е и повеќе.

Потоа, за време на викендот ќе настапи разведрување ама утрата ќе бидат многу студени и со појава на мраз. Минималните температури тогаш ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени.

Максималните дневни температури пак ќе бидат исто така значително под просекот се до 17 Ноември, и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени. Краткотрајно затоплување ќе има по 17 Ноември, а околу или по 20 Ноември повторно следува нова голема промена на времето и продор на нов многу ладен бран од север“, напиша тој.