strumica denes logo

ВИСТИНСКИ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ: Здравка Атанасова е назначена за нов вршител на должноста ВД раководител на Фондот за здравствено осигурување во Струмица!

Автор:

Датум:

ноември 6, 2024

Автор:

Датум:

ноември 6, 2024

Од 01.11.2024 година Здравка Атанасова е назначена за нов вршител на должноста ВД раководител на Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија ПС Струмица. По образование е дипл. економист која повеќе од 15 години има работно искуство како контролор во Фондот за здравство.

Препознатлива по својот професионализам, секогаш достапна за давање на стручна помош на осигурениците во остварувањето на нивните права и интереси.

Успешно и одговорно ги спроведува работите од јавен интерес кои се однесувааат на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување на осигурениците.

Со нејзиното именување ПС Струмица ќе продолжи кон успешно и професионално спроведување на законските одредби кои се во интерес на осигурениците на ФЗОМ.