strumica denes logo

ЗИМСКО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Викендов ќе трае еден час повеќе, ноќта на 26 октомври сказалките на часовникот во 3 се враќаат на 2 часот!

Автор:

Датум:

октомври 25, 2024

Автор:

Датум:

октомври 25, 2024

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 26. октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година.

Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.

Иако промената на времето е во принцип корисна за заштеда на енергија во текот на летото, очигледно има повеќе недостатоци отколку предности.