РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
• Замена на машински компоненти: Спроведување замени на основни машински делови на рударска опрема, според инструкциите и работниот налог;
• Превентивна детекција на дефекти: Врши превентивна контрола во и вон работа на опремата и активно дава предлози за нивно отстранување;
• Работа со рачен алат: Вешто користење на рачен алат за извршување на машинобраварски задачи;
• Извршување на задачи според работен налог: Точно исполнување на задачите во предвиденото време, според налог на претпоставениот;
• Примена на безбедносни мерки: Почитување на барањата за безбедност и здравје при работа на работната позција;.
• Почитување на работниот опис: Исполнување на сите работни задачи дефинирани во описот на работното место;
• Извршување дополнителни задачи: Спроведување на други машино-браварски активности според налогот на претпоставениот.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
• Завршено средно стручно образование (машинска или металска струка);
• Претходноработно искуство за бараната позиција;
• Способност за тимска работа;
• Поседување на сертификати на дадената позиција (машинобравар)се смета за предност;
• Возачка дозвола В категоријасе смета за предност;
ШТО НУДИМЕ:
• Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
• Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
• Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
• Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.
РАБОТНО ВРЕМЕ:
Од понеделник до петок во временски период од:
• 08:00 – 16:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование.Во предметот на пораката наведете “Оглас за Машинобравар 1ва група “.
Краен рок за поднесување на апликации: 04.11.2024 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетитеCV и непотполна документација нема да бидат разгледани.