strumica denes logo

РУДНИК „БУЧИМ“ ВРАБОТУВА РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ – ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ, ПОТРЕБНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ И УСЛОВИТЕ КОИ ГИ НУДАТ!

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
• Истражување на пазарот за добавувачи:
– Следење на пазарот за да се идентификуваат најдобри добавувачи со цел да се постигне оптимален квалитет и цена;
– Проценка на потенцијални добавувачи врз основа на квалитет, цена, рокови на испорака и други релевантни критериуми.
• Преговарање и склучување на договори:
– Преговарање за условите на договорите (цени, услови за испорака, рокови и други услови);
– Изработка и потпишување на понуди, нарачки и договори со избраните добавувачи, во согласност со внатрешните правила на Друштвото.
• Планирање на набавки:
– Координација со другите оддели за да се осигури навремено и ефективно снабдување со потребните материјали и услуги.
• Комуникација со добавувачи:
– Одржување на постојани контакти со добавувачите и следење на нивните перформанси;
– Редовно оценување на добавувачите според утврдени стандарди, за да се осигураат квалитетни производи и услуги.
• Управување со документација:
– Прибирање, доставување и комплетирање на сите релевантни документи поврзани со процесот на набавки (понуди, договори, фактури…);
– Обезбедување на целосна документација според внатрешни правила со цел лесен пристап при ревизија или контрола.
• Управување со ризици:
– Идентификација и проценка на потенцијалните ризици во процесот на набавки (зголемување на цени, доцнење на испораки…);
– Развивање на стратегии за управување со овие ризици, вклучувајќи развој на резервни планови.
• Следење на залихите:
– Контрола за одржување на оптимални залихи во склад со потребите на Друштвото;
– Комуникација со магацин со цел непречен прием на набавените материјали.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
• Високо образование – Економски факултет;
• Претходно работно искуство од 2 години во областа;
• Познавање на MSOffice пакетот;
• Познавање на Англиски јазик;
• Способност за тимско работење;

ШТО НУДИМЕ:
• Конкурентна месечна плата во зависност од квалификациите
• Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
• Обезбеден оброк
• Обезбеден превоз до/од работното место
• Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа

РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работа во дневна смена од понеделник до петок од:
• 08:00 – 16:00 часот

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование.Во предметот на пораката наведете “Оглас за Референт за набавки”.

Краен рок за поднесување на апликации: 22.10.2024 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV нема да бидат разгледани. Доставувањето на диплома за завршено образование е задолжителен услов за разгледување на апликацијата.