strumica denes logo

Полицијата во Македонија со предупредување до граѓаните за нови интернет измами!

Автор:

Датум:

октомври 14, 2024

Автор:

Датум:

октомври 14, 2024

Министерството за внатрешни работиги повикува граѓаните да бидат внимателни во врска со новите интернет измами.

Предупредува дека изминатиот период зачестени се случаите на лажни профили на социјалните мрежи, кои се претставуваат како Интерпол, МВР или компании што нудат помош во враќањето на загубени средства од лажни онлајн инвестиции.

Според МВР, овие измами, познати како „Фишинг“, имаат за цел да соберат лични податоци и податоци од платежни картички за понатамошна злоупотреба и стекнување финансиска корист.

Министерството советува граѓаните да не споделуваат свои лични податоци и да бидат внимателни во однос на тоа каде ги остават информациите за своите платежни картички.

Исто така, напоменуваат дека сите информации и линкови поврзани со МВР се достапни на официјалната веб-страница на министерството, www.mvr.gov.mk.МВР со предупредување до граѓаните за нови интернет измами