strumica denes logo

НА МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ИМ СЕ РАБОТИ ЗА БИЛО КАКВА ПЛАТА, НЕ САКААТ ШЕФУВАЊЕ И НЕ ТРПАТ АВТОРИТЕТИ И ПРИТИСОЦИ!

Автор:

Датум:

октомври 14, 2024

Автор:

Датум:

октомври 14, 2024

Флексибилно работно време и солидна плата, се главните услови кои ги бараат младите при вработување. Можност за работа од дома, работа од било каде и во било кое време од денот, објави МТВ.

Истражувањата покажуваат дека младите работници не трпат авторитети и притисоци, не сакаат шефување, но сакаат признанија и награди, тоа за нив е главниот мотивирачки фактор.

„Покрај флексибилноста јас лично сметам дека комуникацијата во денешно време е многу важна со менаџерот, со шефот на работното место. Младите сакаат место каде што на некој начин имаат комоција имаат можност за напредок и да не чувствуваат конкретен притисок од работодавецот“, вели Ангела Митеска, младински работник од Охрид.

Во земјава има висок процент на младинска невработеност. Причините се неусогласеноста на образованието со потребите на пазарот на трудот.

Според работодавците младите бараат високи плати, а немаат доволно компетенции ниту искуство. Експертите велат треба да се најде компромис.

„Сметам дека тука е двостран проблемот и работодавците и работниците треба да се навикнат на едно ново модерно време. Треба и ние да се прилагодиме како работодавци на нивните барања, но од друга страна и самите млади кои бараат работа треба да имаа предвид дека компаниите имаат свои деловни политики“, вели професорот по право Ристе Речкоски.

Според експертите за намалување на младинската невработеност потребно е финансиска поддршка, инвестирање во развој на младинското претприемништво.

Извор: МТВ