strumica denes logo

Наковски волеј победник на турнирот посветен на Илија Караманов

Автор:

Датум:

октомври 13, 2024

Автор:

Датум:

октомври 13, 2024

Одбојкарките на Наковски волеј го освоија годинашново издание на Меморијалниот турнир „Илија Караманов“. Тие и во двата натпревари од оваа петто издание на турнирот извојуваа победи. Прво го совладаа Младост УГД од Штип со 2-0, а потоа со идентичен резултат беа подобри и од Газели.

Во борба за второто место, Младост УГД беше подобар од Газели до Скопје со 2-1 во сетови.

„Во спортски и натпреварувачки дух заврши Меморијалниот турнир кој традиционално се одржува во Струмица во чест на нашиот одбојкар и спортски работник Илија Караманов. ОК Наковски волеј како организатори и домаќин на турнирот е задоволеб од квалитетот на екипите и покажаната игра на терен, но и од поддршката од бројната публика“, се вели во соопштението на организаторите на турнирот.

Новата сениорска сезона во одбојка за жени почнува следниот викенд.