strumica denes logo

ВИДЕО: КОЈ ЈА МАТИ ВОДАТА ВО СТРУМИЦА? ПРИЛОГ НА 360 СТЕПЕНИ!

Автор:

Датум:

октомври 13, 2024

Автор:

Датум:

октомври 13, 2024

Пред една недела објавивме сторија за тоа како живеат струмичани, кои во тој момент беа без пивка вода веќе седум дена. Барајќи одговори по институциите кој е виновен што во водата има висока концентрација на манган, градоначалникот беше дециден.

„Проблемот е во влезната вода на филтер-станицата, техничката којашто ја земаме од единствениот извор за Струмица, а тоа е браната Турија, којашто ни доаѓа во форма на кал и со високо ниво на манган кој е тежок метал и има законска одредена толеранција колку може да има манган во водата за да може таа да биде питка. За жал, таа техничка вода која ја набавуваме од АД ‘Водостопанство’, не сме во можност да ја преработиме и да дојдеме до степен на питка вода“,

изјави на 3 октомври Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица.
А „Водостопанство“ е под централната власт. Па, случајно или не, иако кризата во Струмица траеше една недела, токму денот по емитувањето на нашата сторија на прес-конференција се обрати Владата.

Поточно, министерот за земјоделство, во придружба на директорите на „Водостопанство“, на Институтот за јавно здравје и на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Целосната објава може да ја погледнете со кликнување на следниот линк: https://360stepeni.mk/video-koj-ja-mati-vodata-vo-strumitsa/

ИЗВОР: 360 Степени