strumica denes logo

НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ: СТРУМИЧАНЕЦОТ НИКОЛЧО УГРИНОВ И МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ НА МАКЕДОНСКА ПОШТА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО ДВА МЕСЕЦИ!

Автор:

Датум:

октомври 13, 2024

Автор:

Датум:

октомври 13, 2024

За само два месеци од поставувањето на новиот менаџерски тим на А.Д Македонска Пошта, со секојдневна макотрпна работа и оставање срце на терен, докажаа дека сите не се исти.

За прв пат поради лошата финансиска состојба на фирмата и вработените, тимот се откажа од по 20 000 евра исплата на секој од нив доколку пред време им биде раскинат менаџерскиот договор.

-Се откажавме од загарантираните 2500 евра репрезентација на годишно ниво за секого.
-За два месеци вршиме редовна исплата на плата со наши сретства без задолжувања.
-Пронајдовме и заедно со вработените подготвивме за испорака над 500 000 пратки заборавени по пероните од месец март,април итн.
-Ги детектиравме сите проблеми и аномалии и наскоро пред владата на РМ ќе излезиме со план за нашите идни постапки,со цел за подобрување на состојбата во Македонска пошта за вработените и за клиентите наши.
-Ќе работиме на подобро технички-технолошко опремување на пошта и условите за работа на вработените.
-Отпочна процесот на реорганизација на фирмата и изработка на нова систематизација и нов колективен договор и зголемување на платата на вработените, вели за Струмица Денес Николчо Угринов, заменик генерален директор на Македонска Пошта.

Браво за сработеното досега!