strumica denes logo

ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА 33 ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД СТРУМИЦА КОЕ ВЧЕРА ПОБЕГНАЛО ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА ВО КОЈА ЗАГИНА ЕДНО ЛИЦЕ!

Автор:

Датум:

октомври 6, 2024

Автор:

Датум:

октомври 6, 2024

На 05.10.2024 во 20.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица гo лишиле од слобода Х.Д.(33) од Струмица. Тој на 05.10.2024 во 06.40 часот на регионален пат Струмица-Валандово, на излез од село Костурино, струмичко, управувајќи патничко возило „фиат” учествувал во сообраќајна несреќа со трактор „имт” со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана приколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино, по што Х.Д. го напуштил местото на настанот.

Во сообраќајната несреќа на местото на настанот починал Г.Б.(51) од село Костурино, а со телесни повреди се здобил Т.Б.(54), од село Костурино, кои се превезувале на полуприколката. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. Х.Д. е задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.