strumica denes logo

СЕ ОГЛАСИ И МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ ЗА АКЦИЈАТА ВО СТРУМИЦА: Станува збор за епски криминал – Приведени се четворица!

Автор:

Датум:

септември 13, 2024

Автор:

Датум:

септември 13, 2024

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска информира дека по вчерашните претреси во фирми во Струмица, Скопје и Гостивар, приведени се четири лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари.

– Ова е еден од предметите кои што слободно можам да кажам дека има основани сомненија дека станува збор за епски криминал, кој за жал повторно е на штета на буџетот на Македонија, односно на парите на народот. Првичните информации се дека станува збор за милионски суми кои што се последица на неколку кривични дела, даночно затајување, даночна измама и на перење пари. Во интерес на целокупната постапка, не би можел да навлегувам во детали, почитувам пресумпција на невиност – изјави Тошковски во Охрид, каде ги отвори 22. Синдикални спортски игри, во организација на Македонскиот полициски синдикат.

Вчерашната акција беше спроведена на повеќе од десетина локации на територија на земјава. Се постапуваше координирано со Обвинителството за гонење на организиран криминал по наредба на судија на претходна постапка, како и заедно со останати државни институции, како УЈП, Министерство за финансии и Царинската управа.