Гордана Димитриеска-Кочоска, тековен министер за финансии на Република Македонија:
Почитувани,
Сакам да искажам огромна благодарност до Управата за јавни приходи и директорката Елена Петрова, а особено до колегите од Струмица и другите градови кои денес заедно со мене цел ден неуморно работеа во спроведување на акцијата во Струмица. Дел од нив директно со мене во Струмица, а дел и низ други градови на Македонија.
Исто така, огромна благодарност до Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност кои беа огромна поддршка на колегите од УЈП.
Денес покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ.
Продолжуваме посветено и одговорно за доброто на сите!