„Елитата” во градот е глува и ја нема за спортот и општото добро на градот, на секое ќоше наместо спортски игралишта никнуваат казина и лихварници!
Оваа порака ја објавија навивачката група Ајдуци-Струмица пред една година, но за жал од тогаш, до денес ништо не е променето.
Струмичката младина која некогаш се калеше на спортските терени, сега повеќе ја нема, наместо неа имаме една зомбирана младина зависна од пороците на модерното време, која расте без никакви вредности и идеали.
“Елитата” во градот е глува и ја нема за спортот и општото добро на градот, на секое ќоше наместо спортски игралишта никнуваат казина и лихварници, претворајќи ја Струмица од град кој беше во врвот на сите спортски стории, во град главен декор на сите црни хроники.
Струмица е град кој го губи својот идентитет, на кој му доликува борба за титули, успеси, полн стадион и сала, а не спортското дно, да ставиме крај на цело ова црнило и да го вратиме сјајот на нашиот град со кој сите се гордееме.