Владата ја разгледува информацијата за враќање на средното полициско образование во земјава, откако Министерството за внатреши работи предложило реформи во овој сектор, односно наместо досегашните едногодишни обуки тоа да биде дел од средното образование и тоа во трета и четврта година. Од МВР за Алсат објаснуваат дека средното образование од овој тип ќе функционира во рамки на сегашниот центар за обука во Идризово.
“Секој кандидат по завршување на прва и втора година друго средно училиште, на објавен конкурс може да се пријави и доколку ги исполнува предвидените услови своето образование може да го продолжи во средно полициско училиште. Согласно потребите на МВР ќе може паралелно да се спроведува и досегашната основна обука за полицаец во времетраење од една година. Во моментов во координација со Министерството за образование и наука ќе се работи на процесите кои треба да се спроведат до конечна реализација на овој проект”, велат од МВР.
Укинувањето на средното полициско образование образование во земјава доведе до висок степен на партизација, а со тоа сега имаме голем број полициски службеници со криминално досие и лица за кои не знаеме како го оформиле нивното средно образование, смета порашениот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски. Со враќање пак на средното образование за идните службеници, Ѓурчевски смета дека ќе добиеме повкалитетен образовен кадар, а уверува и дека партизацијата драстично ќе се намали.
„Јас тврдам дека минимум за некои 50 проценти на почеток ќе се намали партизацијата, затоа што вие кога ќе го земете ученикот во средно полициско образование на свои 14 или 15 години веднаш по завршување на деветолетка и кога ќе четири години ќе го обучувате и ќе го образувате за извршување на законски работи, значи она што реков во областа на кривичното право, во област на прекршочно, во област на управно, уставното право, познавање на законите, законот за безбедност на сообраќај, правилата за вршење на службата на јавна безбедност и така натаму, значи, сето тоа ќе придонесе за тие четири години и некој да да сака, партијата да не може да влијае дури на дете од 15 години и вие веќе на 19 години добивате готов продукт кој не размислува партиски„, рече Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР.
Целосната вест може да ја погледнете на АЛСАТ.МК