strumica denes logo

ПОЛИЦИЈАТА ЗА СТРУМИЦА ДЕНЕС ВО ВРСКА СО СЛУЧАЈОТ ШТО КРУЖИ НИЗ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ СО ДЕТЕТО ВО ПАРКОТ!

Автор:

Датум:

јули 5, 2024

Автор:

Датум:

јули 5, 2024

Соопштение на СВР Струмица за портал Струмица Денес:

Во врска со Вашето прашање Ве известуваме дека на 04.07.2024 во 15.15 часот во СВР Струмица З.Ч.К.(31) од Струмица пријавила дека на 03.07.2024 околу 19.00 часот, додека била во парк во Струмица заедно со нејзиниот малолетен син, во момент кога син и бил оддалечен од неа, односно додека стоел на дрвен мост, две лица му пришле на малолетникот, па едниот од нив го кренал во раце. Според пријавеното, откако пријавителката им викнала, лицето го пуштило малолетникот и му ја ставило капата на главата, која претходно му пaднала, по што заминале.

СВР Струмица веднаш презеде мерки за откривање на лицата и расчистување на случајот. Извршен бил увид на местото и било разговарано со сведоци, при што е утврдено дека во моментот на локацијата имало голема раздвиженост на луѓе, а малолетникот стоел на мал дрвен мост каде постоела опасност да падне во вода, а лицето кое го кренало детето од мостот го пуштило на земја непосредно откако се симнале од мостот.

СВР Струмица продолжува со преземање мерки во насока на утврдување дали во конкретниот случај постојат елементи на кривично дело или лицето тоа го сторило со цел да го заштити детето од можна опасност.