Стефан Ончев со настапот на “Охридски бисери”, најпрестижниот натпревар во нашата држава и пошироко ја заокружи учебната година. Помеѓу силна и меѓународна конкуренција Стефан се закити со второ место, а воедно стана добитник на престижната наградата која ја доделува СОКОМ, парична награда за најдобра изведба на дело од македонски композитор. На натпреварот учествуваа деца и младинци од целиот свет.
На натпреварот “Golden piano talents” кој се одржа пред неколку недели, во конкуренција со извонредни млади пијанисти, Стефан ја доби наградата Golden Grand prize and Virtuoso special prize со освоени 100 поени во својата категорија.
Додека на натпреварот “International Piano Competition for Youth” во Гевгелија освои ЛАУРЕАТ на натпреварот, односно се стекна со највисоки резултати на целиот натпревар.
Стефан е ученик во ООМУ “Боро Џони”, во класата на Ана Цунева, во соработка со професорката Марија Максимова од Штип.