strumica denes logo

ТАЛЕНТИРАНАТА СТРУМИЧАНКА АЛЕКСАНДРА ИВАНОВА СО СВОЈА ПРВА ПЕСНА – NOT THE SAME!

Автор:

Датум:

јуни 17, 2024

Автор:

Датум:

јуни 17, 2024

„За мене музиката претставува портал низ кого поминувам секогаш кога се чуствувам безнадежно. Музиката ми отвара свет, кадешто се’ се чини полесно“: – така го започнува разговорот младата Александра, којашто дебитира со својот прв сингл – Not the same.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Александра е млада артистика, којашто моментално живее во Словенија и е студентка на втор циклус студии на Универзитетот во Љубљана.

Инспирација за своите музички дела црпи од својот живот и како што вели, тоа е начин како ги изразува своите емоции.

Not the same – е нејзино прво дело, инаку на англиски и зборува за приказната на луѓето, кои избираат да изодат поразличен пат од оној којшто досега го знаеле. Зборува за тоа како овие луѓе – cycle breakers, се соочуваат со неуспеси, предизвици, потсмевања, разделби заради тоа што се однесуваат „поразлично„.

Главната порака е дека секогаш има надеж и дека се додека се слушаш себеси, нема да се изгубиш, можеби ќе се лизнеш, но чекорите секогаш ќе те носат по патот којшто е твој.