ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МОДЕН ДИЗАЈНЕР ВО СТРУМИЦА ВО ЕЛЕНА ЛУКА – КОНТАКТ: 070 312 413 ИЛИ НА СЛЕДНИОТ МЕЈЛ el@elenaluka.mk
ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.
Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.
Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
• Поседување на диплома од областа на модниот дизајн
• Познавање на комплетниот процес на моден дизајн
• Пожелно е работно искуство
• Познавање на англиски јазик
• Познавање на работа со компјутер
• Подготвеност за тимска работа
• Самоиницијативност и креативност во работата
• Поседување на одлични комуникациски способности и работа со клиенти
• Организациски способности
• Прилагодливост на зададени рокови
Одговорности и задачи:
• Осмислување и креирање нови колекции
• Изработка на комлетни технички скици
• Координација и следење на производство од идејна скица до финален производ
• Избирање на материјали и нивните својства
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:
• Кратка биографија
• Портфолио
• Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.
• Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.