strumica denes logo

ЕЛЕНА ЛУКА ВРАБОТУВА ВЕЗАЧ/КИ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јуни 13, 2024

Автор:

Датум:

јуни 13, 2024

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ВЕЗАЧ/КИ ВО СТРУМИЦА ВО ЕЛЕНА ЛУКА – КОНТАКТ: 070 312 413 ИЛИ НА СЛЕДНИОТ МЕЈЛ el@elenaluka.mk

ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.

Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.

Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата.

Oсновни работни задачи: Рачна работа, везење, плетење, ткаење

Потребни квалификации:

• Соодветно образование;
• Високо развиено чувство за естетика;
• Добри организациски, аналитички и интерперсонални вештини;
• Подготвеност за тимска работа;
• Искуство;

Доколку посакувате да бидете дел од нашето семејство, креативни, полни со енергија и желба за работа, испратете го вашето CV заедно со фотографија преку полето Брза Апликација.