strumica denes logo

Топлотен бран во Македонија – учениците се потат во „пеколни училници“ без клима!

Автор:

Датум:

јуни 13, 2024

Автор:

Датум:

јуни 13, 2024

Со оглед на високите температури кои ја зафатија Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17.06.2024 година, Министерството за образование и наука препорача училиштата да продолжат наставата да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува. МОН исто така препорача училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат, а на учениците да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода, но и да се советуваат учениците да не консумираат масна храна и храна со поголемо количество на шеќер.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Она што во оваа ситуација ги збуни родителите е тоа што уште во текот на вчерашниот ден, во некои училиште веќе беа земени учебниците од учениците, бидејќи според инструкциите кои ги добиле наставниците, тие требале да се вратат.

Според извори на „Фактор“ во некои училишта учениците ги вратија учебниците уште во текот на вчерашниот ден.

„Сега не ми е јасно за што воопшто ќе ми оди детето на училиште. Ќе има само три часа, ќе оди без книги. Можеби ова беше голема грешка. Не мораше да се дава пролетен распуст, а децата требаше да бидат на распуст уште на десетти јуни, како што било секогаш. Ова сега е тортура и за нив и за нас родителите кои одиме да ги зимаме од училиште и тоа во најжешкото во 12 часот“ вели Тања, мајка на прваче во едно училиште во Скопје.