Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
СТОП за бетонизација на Струмица ❌
Во Општина Кисела Вода поништена одлука за изградба на 12 габаритни згради❗️
Дозволена е изградба само на станбени објекти до 4 станбени единици и целиот простор се оплеменува со зеленило и урбана опрема ⭕
Во Струмица, Костадинов сеуште не се изјаснува за профитерскиот ГУП и насилната бетонизација на Струмица за лични профит интереси.
Народот во Струмица е за зелен појас во градот а не на периферијата.
Народот е против селективно штитење на приватната сопственост за профит.
Струмичани се исто против ( како и во Расадник ) за изградба на габаритни згради и се против профитерски решенија во Струмица❗️
Ако можат жителите на Кисела Вода, може и Струмица❗️
Заедно до хумано урбанистичко планирање и СТОП за бетонизација на Струмица 🇲🇰