strumica denes logo

Лани во Струмица биле регистрирани 4 случаи на ХИВ/СИДА!

Автор:

Датум:

јуни 4, 2024

Автор:

Датум:

јуни 4, 2024

Според истражување од 2018 година, проценетиот број на заразени со ХИВ кај мажите кои имаат секс со мажи во Скопје е 5,4%, што значи дека Македонија за прв пат има концентрирана епидемија кај мажите.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје, изработен од д-р Жарко Караџовски, Газменд Исмани и Живадинка Цветановска, се наведува дека во 2023 година има 50 новорегистрирани случаи на ХИВ/СИДА, што е 0,8% повеќе од 2022 година. Просечната возраст на новите случаи е 35 години, а 74% се на возраст од 20 до 39 години. Поголем дел од случаите се регистрирани во Скопје.

„Од случаите во 2023 година, најголем дел се со место на живеење во Скопје, а во Струмица се регистрирани 4 случаи. Останатите случаи се регистрираат како спорадични случаи во 18 други градови. Во 2023 година, регистрирани се 3 смртни случаи поврзани со СИДА, од кои еден е кај лице пријавено во 2022 година“, пишува во документот.

Во периодот од 1987 до 2023 година, регистрирани се 636 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија. Најголем број од случаите (60,5%) се кај мажи кои имаат секс со мажи.

„Во споредба со просекот од претходниот десетгодишен период (2013-2022), се регистрира зголемување од 22 отсто“, пишува во извештајот.

„Епидемиолошките податоци укажуваат на тренд на покачување во бројот на новодијагностицирани случаи со ХИВ. Загрижува фактот дека јавните здравствени установи (ИЈЗ, ЦЈЗ) беа исклучени од програмските активности и едукативни активности. Иако предвидените цели со годишната програма за заштита на населението од ХИВ во 2023 година се со добра реализација, сепак мора да се земе во предвид намалувањето на индикаторите за успешност на реализација кај активностите имплементирани од граѓанските здруженија, без консултација“, се додава во извештајот.

Приближно 39 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ, вклучувајќи 1,5 милиони деца до 14 години.