Презвитер во Анкира, денешна Анкара, Турција. Под царот Констанциј трпеше многу од аријанците. Во тоа време се прочу како голем ревнител на Православието и вистински пастир на словесното стадо во Анкира. Потоа кога на престолот стапи Јулијан Отстапник и почна гонењето на христијаните, Василиј јавно го изобличуваше тоа ново нечестие и ги утврдуваше своите луѓе во верата. За ова беше фрлен во затвор. Кога дојде царот Јулијан во Анкира, го изведоа пред него Василиј и царот почна да го наговара да ја остави Христовата вера, ветувајќи му почести и богатство. Василиј му одговори: „Јас верувам во мојот Христос од Кого ти се одрече и Којшто ти го даде ова земно царство, но наскоро и ќе ти го одземе. Зарем не се срамиш од олтарот под којшто се спаси од смрт кога имаше осум години, кога те бараа за да те убијат?… Затоа наскоро ќе ти биде одземено ова земно царство; ни телото нема да ти биде погребано кога ќе ја испуштиш душата во тешки маки.“ Царот се разлути и нареди од телото на Василиј секој ден да дерат по седум ремени кожа. Вака правеа мачителите неколку дена. Кога Василиј повторно излезе пред царот, самиот си симна еден ремен од сопствената кожа и му ја фрли в лице на Јулијан извикувајќи: „Земи и јади, Јулијане, ако ова јадење ти е слатко, а мене живот ми е Христос!“ Овој настан се разгласи по целиот град и царот од срам тајно се повлече од Анкира во Антиохија. А Василиј продолжија да го мачат со усвитено железо дури не Му ја предаде својата душа на Господ, за Кого многу пострада во 363 година.
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј
Македонците внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното
Во Македонија се внесува 2,4 пати повеќе сол од максималниот препорачан дневен внес. Препорачано е да не се внесува повеќе…
Очекувања од идната влада: Намалување на партизацијата, корупцијата и повисоки плати
Идниот парламентарен состав треба да вложи повеќе во младите бидејќи тие не се чустувуваат сигурно во државата. Телевизија 24 направи…
Се печатат учебниците за следната учебна година
Министерството за образование на Фејсбук соопшти дека започна печатењето на сите учебниици од прво до седмо одделение, кои досега се…
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
Матурантите ги минуваат последните денови во училишните клупи. Си ги повторуваат наставните предмети и се спремаат за полагање на државна…
Како што се посочува во документот, посетата била фокусирана на полицискиот третман, вклучително и на поплаки за наводно полициско малтретирање,…
(ВИДЕО) Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица
Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот…