Тие се од обителта на свети Сава Осветен кај Јерусалим. Овој славен манастир постои и денес. Повеќепати е напаѓан од дивите Арапи, но по Божја Промисла секогаш е обновуван и зачуван до денеска. Во времето на царувањето на Константин и Ирина, Арапите го нападнаа и го ограбија. Монасите не сакаа да бегаат, туку откако се посоветуваа со својот игумен Тома рекоа: „Ние побегнавме од светот во оваа пустина заради љубовта Христова. Срамота е да бегаме од пустината заради страв од луѓето. Ако нè убијат овде, ќе бидеме убиени заради нашата љубов кон Христа, заради Кого и дојдовме да живееме овде.“ И откако вака одлучија невооружени ги дочекаа Арапите, како јагниња волци. Некои од нив Арапите ги убија со стрели, некои ги затворија во пештерата на светиот Сава, па наложија на влезот оган и ги задушија со чад. И така многумина од нив завршија како Христови маченици и се преселија во Царството на Оној Кого Го љубеа. Чесно пострадаа пред Велигден 796 година во времето на царувањето на Константин и Ирина, кога јерусалимски патријарх беше Илија. Дивите напаѓачи наскоро ги постигна праведна казна. На враќање кон своите шатори се испокараа и се испоубија меѓусебно. Ова се случи во 796 година.
Денес се празнува Преподобниот маченик Јован и другите со него
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско? Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…
Грузија, која е просветлена во христијанската вера од светата рамноапостолна Нина, која е роднина на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, особено…
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…
Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува…
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На…
Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по…