strumica denes logo

ИЛОН МАСК ИСПИША ИСТОРИЈА: УСПЕШНО ПОСТАВЕН ПРВИОТ ЧИП НА ЧОВЕЧКИ МОЗОК – ОВА ЌЕ ОВОЗМОЖИ ДА КОНТРОЛИРАМЕ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ИЛИ КОМПЈУТЕР СО МИСЛИТЕ!

Автор:

Датум:

јануари 30, 2024

Категории:

Свет, Наука, Струмица

Автор:

Датум:

јануари 30, 2024

Категории:

Свет, Наука, Струмица

Илон Маск објави дека првиот пациент кој добил мозочен чип од неговата компанија Neuralink добро закрепнува.

Илон, исто така, откри дека се надева дека производот – наречен „Телепатија“ – на крајот ќе им овозможи на корисниците со попреченост како Стивен Хокинг да „комуницираат побрзо од аукционер“.

„Првичните резултати покажуваат скок на неуронската активност“, рече Маск во објава на платформата за социјалните медиуми X во понеделникот.

Тој исто така додаде дека ова ќе овозможи да го конторлирате мобилниот телефон или компјутер само со мислите.

Во септември, компанијата Неуралинк доби дозвола за регрутација на пациенти за тестирање на овој чип. Трансплантацијата користи прецизен робот за да го постави чипот на делот од мозокот што испраќа сигнали за движење на телото.

Целта на ова е да им дозволи на луѓето со попреченост како Стивен Хокинг да контролираат компјутер или мобилен телефон само со мислите.