Владата на денешната 202 седница донесе одлука за давање на согласност за продолжување на Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија за 2024 година и за понатамошното учество на земјава во овој фонд.
Според одлуката што е донесена на предлог на Министерството за транспорт и врски, како што информираат од владината прес-служба, ќе продолжиме да учествуваме во Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија, за обезбедување на средства за трошоци за одржливо функционирање на нивните даватели на услуги на навигација за 2024 година согласно PC/23/60/2 на EUROCONTROL.
Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија е воспоставен согласно Директивата на Постојаната комисија на EUROCONTROL бр. 22/111 од 24 ноември 2022 година, за чие формирање Владата има дадено согласност, со Одлуката за давање согласност за доделување на нова задача на EUROCONTROL за формирање на доброволни солидарни фондови за поддршка на една или повеќе земји членки во кризни ситуации во воздушниот сообраќај, како и формирање на Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд и Доброволниот привремен солидарен фонд на EUROCONTROL и за учество на Република Македонија во овие фондови, соопштија од Влада.