Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:
Утре (петок) 17 Ноември во Струмица имаме можност да се сретнеме и да разговараме со Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неколку локации и повеќе теми.
Најпрвин во 12:30 часот ги посетуваме жителите на населено место Банско и ги покануваме сите земјоделци од регионот да дојдат и отворено да зборуваме за проблемите, со идеи и можности за нивно решавање.
Во 14:00 часот Пензионерскиот Клуб при општиснки комитет побара средба со Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ во Клуб на Пензионери ( наспроти Судот).
Зимата наближува, протсетите продолжуват но, решение за пензионерите до сега не е на повидок.
Во 17:00 часот Претседателот Христијан Мицкоски на барање на голем број сограѓани ќе се сретне со граѓани кои директно се засегнати од новиот предлог ГУП и градежните активности во Струмица. Средбата ќе се одржи кај зграда Мавровка на улица Младинска во Втора месна заедница.
Во 18:30 во Мал градски парк Струмица ќе одржиме мал митинг на кој можност за средба ќе имат сите оние кои имат потреба, проблем или свое решение и визија.
Ве покануваме да ни се придружите.