strumica denes logo

МАКЕДОНИЈА: Трошоците на живот во октомври на годишно ниво зголемени за 3,5 отсто!

Трошоците на животот во октомври 2023 година, во однос на истиот месец лани, се зголемени за 3,5%, а цените на мало за 3,4%. Во споредба, пак, со септември годинава, трошоците на животот бележат намалување од 1,5, а цените на мало од 0,6%, соопшти Државниот завод за статистика.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај млекото за 10,1%, јајцата за 9,0% , свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8,6%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 6,4%, свежото и разладеното овошје за 5,2%, пивото за 4,3%, сирењето и урдата за 4,1%, месото за 3,4%, лебот и житата за 3,3% и маслото и маснотиите за 0,9%.

Автор:

Датум:

ноември 8, 2023