strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Новиот ГУП предвидува нови простории за изградба на станови за нови 40.000 жители кои во Струмица за жал ги нема!

Автор:

Датум:

ноември 1, 2023

Автор:

Датум:

ноември 1, 2023

Д-Р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Профитерски ГУП кој не е креиран според бројот на жители во Струмица

Со последниот ГУП планирано е Струмица до 2020г. да има 46 296 жители – предвидени се и изградени толку згради❗

Со последниот попис од 2021г. Струмица има 33 950 жители ❗

Новиот ГУП предвидува нови простори за изградба на станови за нови 40 000 жители – кои во Струмица, за жал ги нема! ( предвидуваат станови во Струмица за над 80 000 жители)❗

Постоечките станови ги задоволуваат потребите на жителите во Струмица и регионот. Со планираните нови згради се создава вишок на станови со последица од празни градби, започнати и незавршени градби поради презаситеност на пазарот ❌

Наместо напуштени згради – на Струмица и се потребни урбани и еколошки населби со куќи за поединечно или групно домување со доволно зелен појас за секој жител📍

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на Јавната расправа на 06.11.2023, Понеделник во просториите на Дом на АРМ во 11часот📍