Четириесет и едногодишен струмичанец украл 179 кутии цигари од возило за дистрибуција. Крадецот бил задржван во Полициската станица Струмица.
– На 19.10.2023 во 16.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица. Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило за дистрибуција на цигари одзел повеќе кутии цигари. Кај него биле пронајдени 179 кутии разновидни цигари“, информираат од МВР.
Со случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.