strumica denes logo

ПАСКО КУЗМАН ПО ДОЛГИ ГОДИНИ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТА И ИЗЈАВИ: До мојата 111-та година треба го најдам гробот на Александар Македонски!

Автор:

Датум:

октомври 14, 2023

Автор:

Датум:

октомври 14, 2023

До мојата 111 година треба да завршам уште неколку монографии за археологијата во Македонија, да го завршам мојот роман и, се разбира, да го откријам гробот на Александар Македонски, вели по неколкугодишен молк во јавноста во интервјуто за МКД.мк и Республика Паско Кузман, познатиот македонски археолог, кого колегите сѐ уште го поврзуваат со ренесансата на македонската археологија, а политичарите со антиквизацијата.

А тој вели дека само сака хаосот да го претвори во хармонија. „Тоа ми е животна преокупација. Тоа го правам и по дома, средувам, од хаосот во кујната правам хармонија, од хаосот на една археолошка сонда на Самоиловата тврдина, во почетокот кога сѐ е измешано, слоеви, на колегите им велам дека ова мора да биде средено, чисто како солза, да се гледаат сите слоеви, основата да е чиста, во гробот сите коски да се чисти… Тоа е една моја археолошка опсесија. Тоа го сакам и во општеството. Тоа што во македонските слоеви најмногу ја има антиката, тоа е затоа што таа била најсилна токму на оваа територија. И тоа нема врска со нечие потекло. Овој хаос треба да се претвори во една хармонија и да се приближиме до совршенството што никогаш не се постигнува“, вели Кузман, кој и на 74 години и натаму е ведар и полн со енергија и желба да копа по македонската почва и да го истражува дното на Охридско Езеро.

Еднаш изјавивте дека е тоа опасна работа, дека ако се открие гробот на Александар Македонски, тој настан може да предизвика и војна?

– Да, реков. Откривањето на гробот на Александар Македонски е дел од тие мои проекти што треба да ги завршам до мојата 111 година. Ако гробот се открие кај нас, имајќи ги предвид сите овие апетити од соседите и од Европа, која ја смета Грција за јадрото на европската цивилизација и дека го немаме ние тоа право, тоа ќе предизвика навистина бурни реакции. Како може да немаме право ако го најдеме на наше тло, ем се викаме така, ем Македонија се вика оваа територија. Александар Македонски е универзална личност, светска. И ние имаме право, не дека потекнуваме од него, тоа е навистина смешно. Јас сум Словен, но културата е наше наследство.