strumica denes logo

Струмичанката Наташа Чадиковска 400 илјади Инстаграм следбеници, 50 години и одличен моден стил!

Автор:

Датум:

октомври 13, 2023

Автор:

Датум:

октомври 13, 2023

Таа има Инстаграм профил кој е во исто рамниште со оние на светски познатите модни инфлуенсерки кои имаат милионски следбеници. Родум е од Струмица, подолг период од животот го има поминато во Скопје, дел во Подгорица, а од пред 12 години е со бугарска адреса, во Софија

Наташа Чадиковска, по професија педијатар, е 50-годишна фамилијарна дама која секојдневно споделува модни комбинации и совети со своите 372 илјади следбеници на Инстаграм. За себе вели дека е оптимист, естетичар и перфекционист, а тоа ќе го забележите уште на прва, а и во секој нејзин нареден моден избор.

Се обидува да го живее животот без предрадуси, па така докажува дека и жена која веќе е во шестата деценија од својот живот може да негува природен изглед и да изгледа врвно кога знае што ѝ прилега.

Токму за стилот, модата и убавината, Чадиковска раскажа во интервјуто за Женски Магазин.

ЖМ: Имате Инстаграм профил од над 370 илјади следбеници посветен на модата, а по професија сте педијатар. Од каде спојување на две вакви различни професии?

– Нема спој. Кога се прселивме во Софија сѐ уште работев како педијатар и многу си ја сакав професијата. Но, склоп на околности, најмногу фактот дека факултетот и специјализацијата не ми се признати во Бугарија, ме наведоа да престанам да практикувам медицина. Љубовта кон фотографијата и модата пак направи моето хоби на Инстаграм да стане нова професија.

Целосната објава може да ја погледнете на следниот линк: https://zenskimagazin.mk/makedonkata-natasha-ima-400-iljadi-instagram-sledbenici-50-godini-i-odlichen-moden-stil-ekskluzivno-za-zenski-magazin-za-modata-i-ubavinata?fbclid=IwAR0h9MVrcPijCO-iD8X63TI5JzFz59e71dWzO_sK8A2XArIY_DjI_tu_Prw&mibextid=Zxz2cZ

ИЗВОР: Женски Магазин